РОМАНИЈА Ѝ ВРАЧИ ПРОТЕСТНА НОТА НА АВСТРИЈА ЗА ВЕТОТО Австриската амбасадорка во Букурешт повикана на разговор
Протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кого, романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во оваа земја.
Шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреска, ја повика австриската амбасадорка во Букурешт, Аделхајде Фоли, за да ѝ врачи протестна нота „поради неправедниот и непријателски однос на Австрија” во однос на приемот на Романија во Шенген. Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи.
Протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кого, романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во оваа земја.
„Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста”, наведуваат од романското Министерство за надворешни работи.