СЕВЕРИНА ГИ ПОДЕЛИ ЛУЃЕТО НА БАЛКАНОТ Со новата песна испраќа порака која сите ја коментираат (ФОТО)
Познатата хрватска пејачка Северина знае како да ја разбранува јавноста.
Една од најпознатите хрватски пејачки Северина Вучковиќ предизвика вистинска лавина коментари на социјалните мрежи. Таа на својот инстаграм-профил сподели неколку фотогорафии од својот нов спот за песната „Верувам во Господ“.
Необичната облека и уште поинтригантниот наслов на песната предизвикаа реакции кај сите кои го видоа нејзиното ново претставување.
View this post on Instagram
Заедно со фотографиите на социјалните мрежи беше напишано и следново:
„Приватниот живот на Северина е изложен на јавноста сакала и не, а содржи и многу страдања и тага, но и многу среќа. Го преживеа објавувањето на приватни снимки и фотографии, одземањето на детето, речиси стотина судски тужби, една венчавка и развод. Далматинка, која помина низ сито и решето што Бог може да го намени за една жена, Северина покажа дека е успешна во тоа да ги преживее бродоломите. Дури и кога стопати ќе ја скршат и разделат на атоми. Ова е жената за која пее Северина во песната „Верувам во Господ“, а преку која всушност ја преиспитува својата вера и искрено и цинично се осврнува на своите животни грешки“, пишува во соопштението што нејзиниот ПР-тим го испрати до медиумите.
Текстот за нејзината нова песна го напиша познатиот пејач Дино Мерлин.
Она што ја заинтригира јавноста е фустанот од спотот. За него соработниците на Северина дадоа посебно објаснување за тоа.
Имено, станува збор за фустан кој се носи преку глава, од дизајнерскиот бренд „Коперни“, чии основачи и дизајнери на Модната недела во Париз во живот со спреј го нацртаа фустанот на Бела Хадид.
View this post on Instagram
Како и многупати досега, Северина отиде чекор понапред од сите и успеа да предизвика реакција кај сите. Слободно може да се каже дека уште еднаш го подели целиот Балкан.
Меѓу коментарите за убавата сплиќанка имаше и такви кои ѝ дадоа ветер во грб, но имаше и такви кои коментираа дека всушност претерала бидејќи во еден дел од видеото е облечена како калуѓерка, а во другиот е прилично гола.