ВМРО-ДПМНЕ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ Кажи Данела, дали договоривте бугарски автобуси да вршат јавен превоз во Скопје?

„Денеска Арсовска требаше да да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже“, констатира ВМРО-ДПМНЕ и на сите прашања на градоначалничката на Скопје упатени до партијата одговара со „не“.

3,005

На сите прашања што градоначалничката на Скопје Данела Арсовска му ги постави на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е „не“, возврати партијата со експресно соопштение.

Во своето соопштение партијата на градоначалничката ѝ постави постави нови прашања, меѓу кои најинтересно е ова: „Дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз, како замена за тековниот?“






ВМРО-ДПМНЕ ја прашува Арсовска дали на средбата со премиерот Димитар Ковачевски била договорена провизија, наместо попуст за снабдувањето на превозниците со гориво.

„Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има? Од (Трифун) Костовски, преку (Коце) Трајановски до (Петре) Шилегов“, се вели во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ констатира дека денеска Арсовска требало да да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже.

„Очаен човек прави очајни чекори“, заклучува партијата.

Поврзани содржини