ЗАШТЕДИВМЕ СТРУЈА, СЕГА ЌЕ ДОНИРАМЕ Болницата во Тетово доби 10.000 евра од АД МЕПСО
Според зборовите на директорот Елези, овие пари се добредојдени во оваа енергетска криза, а истите рече тој, ќе ги бидат искористени за подмирување на сметките што болницата ги има за електрична енергија, соопшти МЕПСО.
Средствата од заштедената електрична енергија во септември и октомври АД МЕПСО ги донира таму каде што се најпотребни, кај граѓаните. Првата донација од 10.000 евра компанијата ја додели на Клиничката болница во Тетово, информираат од АД МЕПСО.
– Вчера генералниот директор Орхан Муртезани и директорот на тетовската клиничка болницата Амир Елези, потпишаа договор за донацијата. Според зборовите на Елези, овие пари се добредојдени во оваа енергетска криза, а истите рече тој, ќе ги бидат искористени за подмирување на сметките што болницата ги има за електрична енергија – соопшти МЕПСО.
АД МЕПСО, се нагласува во соопштението, е општествено одговорна компанија која и во време на енергетска криза наоѓа начин да им помага на тие на кои тоа им е најпотребно.
– Ваквата пракса компанијата ќе ја продолжи и во иднина, односно сите заштеди во потрошувачка на електрична енергија што ќе ги направи во месеците што следат, ќе бидат искористени за хуманитарни цели – велат од МЕПСО.
Споредбената анализа за потрошувачката на електрична енергија во октомври 2022 и октомври 2021 година, како што посочуваат, покажува дека во Управната зграда на АД МЕПСО е остварена заштеда од 22,12 отсто. Со рационално користење на електричната енергија во септември АД МЕПСО направи заштеда во потрошувачката од 17,57 отсто во однос на истиот период лани.
– Големите промени започнуваат од нас самите, затоа штедиме за да имаме сите – порачуваат од АД МЕПСО.