МЗТ ЗАГУБИ НА ГОСТИ ВО БЕЛГРАД Со 101-97 го заврши шестиот натпревар во АБА лигата

МЗТ Скопје со поразот остана на претпоследното место на табелата, а во следното коло во АБА лигата ќе го пречека Мега Баскет на 27 овој месец во салата „Јане Сандански".

54

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар во регионалната АБА лига, откако вечерва на гостувањето во Белград загуби од ФМП со 101-97.

Во натпревар со многу осцилации во играта, МЗТ на два пати се враќаше од двоцифрена негатива во финишот на двете полувремиња, но на крајот не успеа да го изненади фаворитот и да ја забележи втората победа.






МЗТ Скопје со поразот остана на претпоследното место на табелата, а во следното коло во АБА лигата ќе го пречека Мега Баскет на 27 овој месец во салата „Јане Сандански”.

Поврзани содржини