ЕУ ЗАМРЗНА РУСКИ ИМОТ ВРЕДЕН 68 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Европските институции не знаат колку девизни резерви ѝ замрзнале на Русија

Од вкупно замрзнатиот руски имот, 50 милијарди се наоѓаат во Белгија, додека во Луксембург се  5,5 милијарди евра. Замрзнат руски имот има и во Италија, Германија, Ирска, Австрија и Франција.

100

Европската унија од почетокот на војната во Украина  преку санкциите замрзна руски имот во вредност од 68 милијарди евра, објави Политико кој тврди дека имал увид во документ на Европската комисија во кој се наведени бројките.

Од вкупно замрзнатиот руски имот, 50 милијарди се наоѓаат во Белгија, додека во Луксембург се  5,5 милијарди евра. Замрзнат руски имот има и во Италија, Германија, Ирска, Австрија и Франција.






Во Унијата, меѓутоа, не знаат колку од руските национални девизни резерви се замрзнати во Унијата, неведува весникот.

Во интерниот документ на Комисијата е наведена приближна бројка од 33,8 милијарди евра, но се додава дека „тоа моментално се проценува, па не се наведува точната бројка“.

Комисијата сè уште чека Советот на Европа да одобри одлука со која затајувањето санкции би станало кривично дело во ЕУ, што би го олеснило конфискувањето на имотот во случај на кривична пресуда.

 

Поврзани содржини