ЌЕ СЕ УРИВА ДИВА ДОГРАДБА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА Сопственикот доби решение сам да ја отстрани

Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани.

712

Овластен градежен инспектор на Општина Центар издаде Решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани и да го врати локалот во првобитна состојба. Станува збор за доградба на локал на улица „Македонија“ на парцела која е земјиште во сопственост на РСМ, соопшти Оптшината.

Постапувајќи по службена должност, инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во Општина Центар да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, овластениот градежен инспектор донесе Решение за отстранување на градбата. Доколку сопственикот на објектот не ја отстрани доградбата на локалот во законски зададениот рок, истата ќе биде административно извршена и отстранета“ – се вели во соопштението.






Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.

Поврзани содржини