КАРТИТЕ СЕ РАСПРОДАДЕНИ „Каде си Адаме“ вечерва во Охрид

Филмот го прикажува животот на монасите на Света Гора. Зборува за многуте работи кои се блиску на секого, за тоа што доживува секој човек, за љубовта, доживувањата, тагата, среќата.

122

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва премиерно ќе биде прикажан филмот „Каде си Адаме“ на укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, а во режија на Александар Запорошченко.

Филмот го прикажува животот на монасите на Света Гора и зборува за односите меѓу луѓето.






– Ги кине сите шаблони што луѓето ги создале. Зборува за многуте работи кои се блиску на секого, за тоа што доживува секој човек, за љубовта, доживувањата, тагата, среќата… Луѓето всушност го гледаат животот на монасите. Актерите на сцените се Грци, но гледачот после 20-30 минути не мисли ни за Грци ни за никого. Тој почнува да размислува за градот во кој живее, за својот живот, својата сопруга, родители и за секого почнува свое сиже и свое сценарио. Филмот остава силни впечатоци кај публиката, поттикнувајќи ги основните прашања кај човекот. Гледачите кога излегуваат на улица после гледањето на филмот, размислуваат за својата перспектива и имаат свој поглед на животот, каде се наоѓам, каде живеам и какви се моите односи со околината – рече Плиска.

Интересот за филмот, кој прв пат се прикажува во државата, според Летка Филипова организатор за филмот да дојде во Охрид, бил голем и картите биле распродадени.

– Очигледно на охриѓани, но и во другите градови им недостасуваат вакви филмови од духовен карактер. Многу сме среќни за тоа, се надевам дека и понатаму ќе продолжиме да соработуваме и со благослов да бараме духовни филмви – рече Филипова.

Поврзани содржини