ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА КРАЈ Пике во сабота ќе игра последен пат на „Камп Ноу“ ВИДЕО

286

Фудбалската легенда на Барселона, Жерар Пике објави видео на социјалните мрежи во кое ја извести јавноста дека дојде време да си замине од „Камп Ноу“, односно да се повлече од спортот.

Пике во видеото најави дека ќе го одигра последниот меч на стадионот на Барселона, а според неговите зборови може да се заклучи дека оди во пензија.






„Откако ми се остварија детските соништа, дојде време за крај. Секогаш зборував дека нема да има друг клуб освен Барселона, па така и ќе биде. Ова сабота го играм последниот натпревар на ‘Камп Ноу’“, вели Пике.

 

Поврзани содржини