СДСМ ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА НАЈЧУВСТВИТЕЛНИ ТЕМИ Одговор од ВМРО-ДПМНЕ за наводната екскурзија на битолски средношколци во Софија

Со ваквите гротескни лаги СДСМ сее збунетост и раздор меѓу населението, со што токму така, им штети на македонските национални интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

212

СДСМ, во немоќ и очај, упорно шири лажни вести и на најчувствителни теми за Република Македонија во овој момент, злоупотребувајќи ги и најмладите – реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска на прес конференција објавија ноторна лага дека ученици од техничкото училиште во Битола биле во посета на Софија, поврзана со клубот Ванчо Михајлов. При тоа ги злоупотребија имињата на директорката и заменик директорите на техничкото училиште од Битола кои во Софија биле на договор за Еразмус+ проекти, сосема независно од наводната посета на млади луѓе на Софија. Почитувани, целта на СДСМ е да го намали значењето на пораката која ја испраќа ВМРО-ДПМНЕ за обединување на македонската јавност за стратешките национални интереси на државата. Со ваквите гротескни лаги СДСМ сее збунетост и раздор меѓу населението, со што токму така, им штети на македонските национални интереси. Ве повикуваме да не подлегнувате на лажните вести и сите заедно да опстоиме во одбрана на нашето, кое насилно сакаат да ни го одземат“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Директорката на средното техничко училиште во Битола „Ѓорѓи Наумов“ Жанета Сервини претходно ги демантираше тврдењата на фондацијата „Бугарска памет (меморија)“ дека ученици од ова училиште биле во посета на Софија и таму посетувале предавања во музејот на национална историја, нарекувајќи ги притоа „истомисленици на Иван Михајлов“. За ова СДСМ објави реакција во која го обвини ВМРО-ДПМНЕ и неговите кадри за злоупотреба на учениците.

Поврзани содржини