3.284.819 ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ИГРАЛИШТЕ Спорт и здрави навики преку игра и забава е целта на Видеолотарија

Следното мултифункционално игралиште чија реконструкција е во завршница, е во Охрид. На ваков начин, Видеолотарија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. 

104

Под слоганот Играј со најдобрите, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува со амбициозниот проект за повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. По реконструираните ракометни игралишта во Свети Николе, Битола и Гевгелија, пуштено е во функција и мултифункционалното игралиште во Општина Липково.

Под слоганот Играј со најдобрите, со донација од 3,284,819 денари Видеолотарија го пушти во употреба и четвртото игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Најновото реконструирано игралиште се наоѓа во ООУ „Рилиндија“, село Лојане, Општина Липково.






– Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра – пишуваат од Видеолотарија.

Игралишта се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Следното мултифункционално игралиште чија реконструкција е во завршница, е во Охрид. На ваков начин, Видеолотарија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните.

Поврзани содржини