(ОБНОВЕНО) ЗАДРЖУВАЊЕТО НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ ПОТРОШУВАЧКАТА НА СТРУЈА Владата се откажа од предлогот – в недела ќе ги вратиме стрелките еден час назад

Од Владата за МИА информираат дека информацијата што требаше да ја подготви Министерството за економија покажала дека треба да остане системот за промена на времето.

905

Владата, на денешната седница заклучи да се пристапува кон примена на зимското сметање на времето, како што се применуваше и досега. Овој заклучок е донесен согласно сите анализи на Информацијата од Министерството за економија, во врска со можноста за продолжување на примената на летното сметање на времето.

– Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија – информираат од Владата.






Како што пренесува владината прес-служба, според информациите од Министерството за економија проценката е направена во соработка со Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за електронски комуникации, Биро за метрологија, Стопанска комора на Северна Македонија, Управа за хидрометеоролошки работи, Стопанска комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет – Скопје.

Поврзани содржини