МЕГАН МАРКЛ ПРОГОВОРИ ЗА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА Еве што рече за кралицата (ФОТО)

Во новото интервју за „Вариети“, Меган Маркл проговори за смртта на кралицата Елизабета Втора, но и за многу теми поврзани со нејзиното семејство, принцот Хари и откри како се справиле со оваа загуба.

411

Во новото интервју за „Вариети“, Меган Маркл проговори за смртта на кралицата Елизабета Втора, но и за многу теми поврзани со нејзиното семејство, принцот Хари и откри како се справиле со оваа загуба.

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември, а најавуваната насловна страница со Меган на „Вариети“ поради тоа е одложена. Сега конечно е објавено интервјуто со војвотката од Сасекс. Маркл за магазинот проговорила за смртта на кралицата и рекла дека таа за неа е најсветлиот пример за женско лидерство.






„Дојде до таков излив на љубов и поддршка. Навистина сум благодарна што можев да бидам покрај мојот сопруг и да го поддржувам, особено во тоа време. Она што е толку убаво е да се погледне наследството што неговата баба го остави на толку многу фронтови“, раскажала таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

„Секако, кога станува збор за женското лидерство, таа е најсветлиот пример како тоа изгледа. Чувствувам длабока благодарност што успеав да поминам време со неа и да ја запознаам. Тоа беше комплицирано време, но мојот сопруг, секогаш оптимист, рече: „Сега повторно се обедини со нејзиниот сопруг“, додала Маркл.

Маркл се присетила и на својот прв официјален ангажман со кралицата и рекла колку тоа било посебно. Таа откри и како ја претрпеле оваа загуба како семејство.

„Во големите моменти во животот, добивате многу перспектива. Се прашувате на што сакате да ја насочите вашата енергија. Во моментов, се чувствуваме енергични и возбудени за сите работи кон кои се градевме. Исто така сме фокусирани на нашата основа. Голем дел од работата што ги правиме го вклучуваат филантропскиот простор“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)


Меган зборувала за својата кариера во забавната индустрија и открила и како би реагирала доколку нејзините деца сакаат да се пробаат во оваа професија во иднина.

„Би рекла: „Одлично! Кога ќе станете родител, искрено сакате вашите деца да најдат работи што им носат целосна радост. Тие се очигледно наши деца и дел од наследството и традицијата и семејството кои ќе имаат различни очекувања. Но, сакам тие да бидат во состојба да го создадат својот сопствен пат. Ако е тоа забавната индустрија, одлично“, рекла таа.

„Има толку многу луѓе кои ќе зборуваат за тоа што им ја отвори вратата на моите деца. Но, сепак е потребен талент и многу храброст. Создаваме повеќедимензионални, интересни, љубезни, креативни луѓе. Такви се нашите деца“, додала таа. Војвотката од Сасекс открила и што значи за неа тоа што другите луѓе ја разбираат.

„Никој никогаш не ме прашал тоа. Можам да зборувам само за себе, но мислам дека е многу важно да се чувствувам разбрано и видено“, рече таа.

Поврзани содржини