ПОЧНА БИЗНИС НА 88 ГОДИНИ Софија Лорен беспрекорна на отворањето на својот ресторан (ФОТО)

Шармантаната и убава глумица во беспрекорно издание се појави во јавноста.

1,004

Софија Лорен не застанува ниту во деветтата деценија. Филмската дива на 88 години почна нов бизнис. Таа отвори ресторан во центарот на Милано што го носи нејзиното име.






Во бел костим и впечатливи детали во придружба со својот син Карло Понти и внучињата Беатриче и Викторија, таа блескаше на отворањето на својот ресторан. Шармантаната и убава глумица во беспрекорно издание се појави во јавноста. Нејзината појава го потврдува фактот дека годините се само бројка и не ѝ можат ништо.

Поврзани содржини