НЕ СМЕ ДОБИЛЕ ПОНУДА ОД ТУРЦИЈА Кремљ не ја исклучува можноста за крајот на војната да се преговара во дворот на Ердоган
Истовремено, портпаролот не ја исклучи можноста лидерите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, да разговараат во Астана за одржување слични преговори на Руската Федерација со четирите западни земји. На новинарско прашање дали е можно двајцата лидери да разговараат за иницијативата на Анкара за вакви преговори, Песков одговори потврдно.
Русија не добила по дипломатски канали никакви конкретни предлози за одржување преговори меѓу Москва, Вашингтон, Париз, Лондон и Берлин на територијата на Турција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе ТАСС.
Истовремено, портпаролот не ја исклучи можноста лидерите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, да разговараат во Астана за одржување слични преговори на Руската Федерација со четирите западни земји. На новинарско прашање дали е можно двајцата лидери да разговараат за иницијативата на Анкара за вакви преговори, Песков одговори потврдно.
На 12 и 13 октомври во главниот град на Казахстан, Астана, ќе се одржи шестиот самит на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA), потсетуваат турските медиуми.
Турскиот весник „Милет” на 7 октомври објави дека Турција планира да организира преговори на руска страна со Велика Британија, Германија, САД и Франција на тема Украина, но оваа информација не беше официјално потврдена, потсетува ТАСС.