ЌЕ СЕ ИЗРАДУВААТ И ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ЛЕБ, МАСЛО… Од 1 декември посебна мерка за нив

568

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека веќе е подготвена мерка за производителите на основните прехранбени производи, а нејзината операционализација треба да почне од 1 декември.

Како што истакна Бектеши, одговaрајќи на прес-конференција во Владата, во соработка со Министерството за финансии се креираат мерки и за малите компании кои се на слободниот пазар.






– Со министерот Бесими креираме мерки и за малите компании кои се на слобдниот пазар. За производителите на основните продукти, како леб и масло за јадење, Министерството за економија само што подготви мерка која треба да се операционализира од 1 декември – напомена Бектеши.

Тој уште еднаш објасни дека целта е да се намали цената на набавките за основните производи, за да се спречи нивно поскапување.

Поврзани содржини