ВОЛОНТЕРИ ОД РЕПЛЕК ИМ ДЕЛЕА РУЧЕК НА БЕЗДОМНИТЕ Компанијата се вклучи во акцијата „Петок за заедницата“

Основната идеја на глобалната иницијатива Петок за заедницата е да ги активира тимовите во компаниите, организациите и останатите општествени групи да посветат дел од сопственото време и ресурси на одредена општествена кауза.

71

Тимот на Реплек се приклучи кон глобалната волонтерска иницијатива – Петок за заедницата (Social Friday), која на глобално ниво се одржува на 30. септември. Вработени и членови на менаџерскиот тим на Реплек обезбедија помош за лицата кои престојуваат во Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Скопје. Волонтерите од Реплек ја послужуваа зготвената храна, ја расчистуваа мензата по завршувањето на ручекот, во соработка со стручни лица, разговараа со бездомниците и извршија други активности посочени од страна на одговорните лица во Пунктот.

Во оваа прилика, претставниците на Реплек ја предадоа и донацијата која се состоеше од облека, чевли, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Дополнително, компанијата ангажираше и лекар-специјалист кој изврши медицински преглед на сите лица кои престојуваат во оваа установа.






– Тргнувајќи од тоа дека секоја активност е многу поефикасна кога се работи здружено, исклучително ме радува што голем број членови на тимот на Реплек се вклучија и лично учествуваа во обезбедување соодветна поддршка и помош на овие лица. Мотивот за нашето вклучување во оваа глобална општествено корисна иницијатива е јасен и едноставен – да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Затоа, како тим и како компанијата, и понатаму активно ќе учествуваме во реализацијата на други вакви и слични волонтерски активности во рамки на иницијативата Петок за заедницата – изјави претседателот на Управниот одбор на „Реплек АД“, Душан Пецовски.

Основната идеја на глобалната иницијатива Петок за заедницата е да ги активира тимовите во компаниите, организациите и останатите општествени групи да се организираат и да посветат дел од сопственото време и ресурси на волонтирање за одредена локална општествена кауза. Главната цел на иницијативата, која се одржува четири пати годишно, во последниот петок од секој квартал, е подигнување на јавната свест за обезбедување помош и поддршка за социјално ранливите категории во заедницата.

Поврзани содржини