КАМИОН ИЗЛЕТАЛ И СЕ ЗАПАЛИЛ Возачот е тешко повреден

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

134

Возач на камион завршил со тешки повреди откако излетал од патот Гостивар-Кичево.

Од СВР Тетово информираат дека во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.






Во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „мерцедес со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото. На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани содржини