ВОЗАЧ ВОЗЕЛ СО 203 КМ НА ЧАС Полицијата не соопшти дали го привела

На автопатот Скопје-Свети Николе, на околу 3 километри пред наплатната станица Преод, полициски службеници со помош на уред за мерење на брзина „LaserCam 4“, измериле брзина од 203 километри на час на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

0
Возач возел со 203 километри на час на автопатот Скопје-Свети Николе, соопшти полицијата, но не наведе дали возачот е лишен од слобода, туку само соопшти дека презела мерки против него.

На 07.10.2026 во 16:00 часот, на автопатот Скопје-Свети Николе, на околу 3 километри пред наплатната станица Преод, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со помош на уред за мерење на брзина „LaserCam 4“, измериле брзина од 203 километри на час на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.






Возилото се движело надвор од населено место, каде максимално дозволената брзина е 130 километри на час.

Против возачот се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сообраќајните контроли продолжуваат на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите, зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја приспособат брзината кон условите на патот, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
Поврзани содржини