ХРВАТСКАТА КОМПАНИЈА ИМАШЕ ВРСКА СО РУСИЈА Груби објаснува како течел тендерот кој го доби „Бехтел и Енка“

Пред хрватската отпаднала и американска фирма која не доставила документација, па така изборот паднал на хрватската компанија која не доставила банкарска гаранција од 2,7 милиони евра.

950

Хрватска компанија зад која стоеле руски пари не го добила тендерот за изградба на автопатишта кој подоцна го доби фирмата „Бехтел и Енка“, вели вицепремиерот Артан Груби во „Клик плус“ на ТВ21. Пред хрватската отпаднала и американска фирма која не доставила документација, па така изборот паднал на хрватската компанија која не доставила банкарска гаранција од 2,7 милиони евра.

Груби ја објасни ситуацијата со тендерот како одговор на прашањето зошто изградбата на автопатите не започнала во август, како што ветил Али Ахмети претходно во истото студио на ТВ21.






Според Груби, ако сѐ е по план, изградбата ќе почне во средината на ноември.

Поврзани содржини