РУСИЈА ГАЃАЛА ДРУГА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА Зеленски тврди дека проектил паднал близу Пивденнокраинск

Окупаторите сакаа повторно да пукаат, но заборавија што е нуклеарна централа. Русија го загрозува целиот свет. Мораме да ја запреме пред да биде предоцна, напиша Зеленски.

269

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните медиуми соопшти дека руски проектил синоќа паднал на 300 метри од нуклеарната централа Пивденнокраинск во регионот Миколаев.

Потоа дошло до краткотраен прекин на електричната енергија, а биле оштетени прозорци на објекти во близина на нуклеарката.






– Окупаторите сакаа повторно да пукаат, но заборавија што е нуклеарна централа. Русија го загрозува целиот свет. Мораме да ја запреме пред да биде предоцна, напиша Зеленски.

Поврзани содржини