ДОЈДЕНА СУМ ЗА ДА ТЕ РАЗРЕШАМ Перински ја одржал прес-конференцијата без благослов од Арсовска

Излегов да ја поздравам уште еднаш, и ја поканив на прес-конференцијата. Таа ми постави прашање во кое својство свикувам прес-конференција, јас ѝ одговорив во својство на поранешен директор на Водовод и канализација, раскажува за Радио Лидер, разрешениот директор на „Водовод и канализација“, Златко Перински.

1,047

Во саботата се појавија шпекулации дека нешто нетранспарентно се одвива во процесот на еволуационите комисии во делот на избор на изведувач, но јас на некој начин сум опериран од такви шпекулативни мисли на некои бардови во „новинарското перо“, раскажува за Радио Лидер разрешениот директор на „Водовод и канализација“, Златко Перински.

– И поради тоа не ни реагирав затоа што знаев како се водеше целата постапка. И накај 8:30 часот кај мене влета во канцеларија новиот Генерален секретар со Решение за разрешување. И јас не спорам и не можам ниту да спорам, јас бев В.Д. директор и одлуката е на градоначалничката дали ќе продолжам да бидам В.Д. или не. И јас таа одлука без разлика на мојот став кон работењето на Градот Скопје ќе ја почитувам каква и да е – истакна Перински.






Тој додаде дека неговото Решение за разрешување било со датум 09.09.2022 година, а како што вели, тоа само по себе е небулоза, оти истото тоа Решение му било дадено вчера.

– Мојата замолница до Шефот на кабинет беше дека суштината на Решението не е добра и дека би требало да ја смени барем за еден ден плус бидејќи тој има потпишано акти во име на Водовод на 09.09.2022, и поради тоа не можат да го разрешат на тој датум. Што ќе се прави на актите? Шефот на кабинетот ми одговори дека не е тука за да ја цени суштината туку е дојден за да се потпише Решението или Записник ќе прави. Јас му реков да прави Записник, бидејќи јас не потпишувам тоа што не треба да го потпишувам. Поминува пола час ми јавуваат дека доаѓа градоначалникот, јас прво не знаев кој градоначалник доаѓа затоа што ние соработуваме со сите градоначалници, такво е претпријатието и природата на работењето. И ми кажуваат дека доаѓа Данела Арсовска. И таа се качува кај мене во канцеларија и ми вели дојдена сум да те разрешам и да направиме примопредавање – појасни Перински.

Тој посочи дека Арсовска му порачала да не држи тој прес-конференција која што ја имал најавено.

– Јас ѝ реков: градоначалник, вие ја кажавте вашата невистина во јавноста, а сега дозволете ми јас да ја кажам мојата вистина. И после 15-тина минути се симнувам долу и ја гледам градоначалничката дека ме чека. Излегов да ја поздравам уште еднаш, и ја поканив на прес-конференцијата. Таа ми постави прашање во кое својство свикувам прес-конференција, јас ѝ одговорив во својство на поранешен директор на Водовод и канализација – рече Перински.

Поврзани содржини