ШТИП БАРА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПАРИТЕ ЗА БРАНАТА КОЗЈАК Средствата да бидат пренаменети за подобрување на водоводната и каналзациона мрежа

Само така ќе можеме да решиме витални комунални проблеми на граѓаните, ќе се искористат нивните средства што тие пред 3-4 децении преку самопридонесот секој месец ги издвојувале од својот личен доход, а сега тие пари со години се депонирани во банка без да се пресметува камата и конечно, без никакви правни пречки со еден трошок ќе се извршат два референдума и оној на државно ниво и овој што е од локален карактер, а е од посебна важноста за граѓаните на Штип, вели градоначалникот Иван Јорданов.

278

Ако има референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија, тогаш да има и референдум за милион евра со кои би се подобрила водоводната и канализациона мрежа во Штип, бара општината, објави СДК. Се работи за пари кои лежат во банка веќе 30 години како средства на општината кои требало да одат за изградба на браната на Козјак, а сега постои идејат истите да се пренаменат за подобрување на инфраструктурата во градот. Иницијатавата ја поддржува и градоначалникот.

– Само така ќе можеме да решиме витални комунални проблеми на граѓаните, ќе се искористат нивните средства што тие пред 3-4 децении преку самопридонесот секој месец ги издвојувале од својот личен доход, а сега тие пари со години се депонирани во банка без да се пресметува камата и конечно, без никакви правни пречки со еден трошок ќе се извршат два референдума и оној на државно ниво и овој што е од локален карактер, а е од посебна важноста за граѓаните на Штип – вели Иван Јорданов.






За комплетниот проект што Општина Штип го замислува парите од самопридонесот нема да бидат доволни, па градоначалникот најавува нови барања и за средствата од карго аеродромот кај Штип што турската компанија ТАВ ги преотстапи на државата за да може да се искористат за инфраструктурни објекти и проекти во сите поголеми градови, меѓу кои и Штип.

Поврзани содржини