НЕЗАБОРАВНА EXIT ЗАБАВА! Deborah De Luca, Mahmut Orhan и Senidah утре во Струмица

Програмата почнува во 19 часот, а влезот е слободен за сите посетители.

81

Големата Get EXITed забава ќе се одржи утре во Градскиот парк во Струмица, а ќе настапат имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар ќе приредат летна забава за паметење! Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце С.А.Ф. и Чваре (Фанки Фреш), а посебна атмосфера и врвно искуство за сите посетители на настанот ќе обезбедат винските и гастрономските специјалитети, по кои Македонија е надалеку позната. Програмата почнува во 19 часот, а влезот е слободен за сите посетители.

Дел од Get EXITed забавата ќе биде и разновидниот вински и гастрономски саем, кој ќе почне во 19 часот и ќе трае во текот на целата вечер.  На саемот пристигнуваат најдобрите винарии и локалните произведувачи на традиционални органски специјалитети на македонската кујна. Некои од најдобрите готвачи од најпознатите струмички рсторани и учениците на Средното кулинарско училиште заедно ќе подготвуваат локални специјалитети. Дел од саемот ќе бидат и штандовите на малите произведувачи и земјоделци со органски производи.
Временската прогноза најавува сончево и топло време со температура и до 30 степени, идеално за највозбудливата летна журка во струмичкиот Градски парк во срцето на градот.
Get EXITed забавата во преубавиот град Струмица го најавува покренувањето на Егзитовиот фестивал во Македонија, кој е планиран за следната, 2023 година.

Поврзани содржини