ЏЕЈН ФОНДА ИМА КАНЦЕР Актерката објави дека оди на хемотерапија

333

Американската актерка и добитничка на два оскати Џејн Фонда (84) објави дека боледува од рак и дека веќе започнала со хемотерпија.

Во своето јавно обраќање преку социјалните мрежи, актерката вели дека и е дијагностициран Не-Хочкинов лимфом, но и дека е среќна бидејќи се работи за рак кој може да се излекува.






Наведувајќи дека периодот на хемотерапија ќе трае шесеци, таа подвлекува дека нема да престане со својот климатски активизам.

– Среќна сум зашто имам здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и третмани. Сфатив, што е болно, дека сум привилегирана поради тоа. Речиси секое семејство во Америка мора да се соочи со ракот во некој момент, а голем дел од нив нема пристап до квалитетна здравствена грижа и тоа не е во ред – вели Фонда.

Нехоџкинов лимфом е помалку вообичаен вид на рак кој се развива во лимфниот систем.

.

Поврзани содржини