ВЛАДАТА КУПУВА ОРУЖЈЕ Порталот Експрес ја објави и милионската сума

584

Пред почетокот на најголемата криза која премиерот Ковачевски ја најави за зимава владата на СДСМ и ДУИ преку Министерството за одбрана набавува оружје во вредност од фантастични 66 милиони евра, ексклузивно дознава expres.mk.

Извори на expres.mk од Министерството за одбрана тврдат дека министерката Славјанка Петровска веќе потпишала решение за набавка на оружје кое Македонија ќе го плаќа од идниот месец, а ќе може да го користи од втората половина на 2025 година односно за три години.






Оружјето е од француско производство и за него немало меѓународен тендер туку одлуката ја донесла работна група формирана од Петровска која одлучила дека тоа оружје е најдобрата опција за Македонија.

Според изворите на expres.mk, во одбраната се работи за набавка на една батерија противвоздушна оружје од краток дострел.

Оружјето се купува за да се постигне интероперабилност со операциите на НАТО но и за обезбедување на територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија, велат изворите кои инсистираат на анонимност.

Министерката Петровска уште пред еден месец најави дека ќе патува во Париз на потпис на договорот за набавка на оружје, но досега МО не го објави видот на оружјето и цената од 66 милиони евра.

Поврзани содржини