ДОБРО Е ДА ГИ ВКЛУЧИМЕ И ДРУГИТЕ НАРОДИ ВО УСТАВОТ Премиерот вели дека Македонија е Европа во мало
Сметам дека е тоа е добро, затоа што во ЕУ има и држави кои имаат и по 25 делови од народи, изјави Ковачевски за РТС.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во интервју за РТС вечерва зборуваше за одблокирањето на преговарачкиот процес со ЕУ, како и за обврската на Македонија за го смени својот Устав.
– Она што го имаме како обврска е уставно прилагодување, а тоа е вклучување на делови од други народи кои живеат во нашата држава. Интерес веќе искажаа хрватскиот, црногорскиот, бугарскиот, како и еврејскиот народ. Сметам дека е тоа е добро, затоа што во ЕУ има и држави кои имаат и по 25 делови од народи. Јас секогаш велам дека Северна Македонија е Европа во мало – рече Ковачевски.