НАФТАШИТЕ ГИ ПРЕПОЛНИЈА ЏЕБОВИТЕ Саудиската компанија „Арамко“ го зголеми профитот за 90 отсто
„Арамко“ соопшти дека поволните пазарни услови помогнале нејзиниот нето-приход во вториот квартал да изнесува 48,4 милијарди долари, во однос на 25,5 милијарди долари една година претходно.
Саудиската нафтна компанија „Арамко“ соопшти дека ја зголемила нето добивката од цели 90 отсто во вториот квартал и дека постигнала рекордни полугодишни резултати.
Информацијата ја пренесе списанието „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија.
„Арамко“ соопшти дека поволните пазарни услови помогнале нејзиниот нето-приход во вториот квартал да изнесува 48,4 милијарди долари, во однос на 25,5 милијарди долари една година претходно.
Според компанијата, полугодишниот нето-приход пораснал на 87,9 милијарди долари, значително надминувајќи ги резултатите на другите големи нафтни компании, вклучувајќи ги Ексон мобил, Шеврон, Бритиш петрол и другите големи нафтни компании.