ДА СЕ ОГРАНИЧИ ПРАВОТО НА ВЕТО ВО ЕУ Предлог на германскиот канцелар Шолц

Ризикот една земја да го искористи своето вето и да ги спречи сите други да напредуваат, се зголемува со секоја дополнителна земја-членка - смета германскиот канцелар.

458

Германскиот канцелар Олаф Шолц се залага во Европската Унија да се решава со мнозинство гласови за прашања од надворешната политика и даночните прашања, за да се спречи блокот да биде „парализиран“ од поединечните државни вета додека се подготвува да ги пречека новите членки.

Во својот говор во Прага, Шолц истакна дека Германија е посветена на проширувањето на ЕУ, нагласувајќи дека земјите од Западен Балкан, како и Украина, Молдавија, а можеби и Грузија, треба да станат дел од блокот.






– Сепак, во „оваа проширена Унија, разликите меѓу земјите-членки ќе растат со политичките интереси, економското влијание и системот за социјално осигурување. Онаму каде што денес се бара едногласност, ризикот една земја да го искористи своето вето и да ги спречи сите други да напредуваат, се зголемува со секоја дополнителна земја-членка. Затоа предложив постепена транзиција кон мнозинско гласање околу заедничката надворешна политика, но и во други сектори, како даночните прашања – додаде Шолц.

 

 

Поврзани содржини