КАМИОН ВЛЕТА ВО ТОЛПА НАРОД Тројца загинати на забава во Холандија (ВИДЕО)
Полицијата не го прецизира точниот број на загинатите, туку само соопштиле дека ја истражуваат несреќата што се случила околу 19 часот на 30-тина километри јужно од Ротердам. Возачот не е повреден и е приведен во полициска станица, јавува НОС.
Три лица загинаа кога камион влетал во група луѓе на забава, соопшти холандската полиција по несреќата во градот Ниу Бејерланд во близина на Ротердам.
Службата за влечење била повикана да помогне во извлекувањето на возилото на шпанска компанија, јави агенцијата DPA.
Германската агенција додава дека во спасувањето на настраданите учествувале десет амбулантни возила и хеликоптер, а неколку лица се пренесени во болница.