УАПСЕНА ТУРСКА ПОП-ЅВЕЗДА Поради шега за верските училишта

Ѓулшен на концертот во Истанбул во април рекла дека „перверзиите“ на еден од нејзините музичари се последица на тоа што тој посетувал верско училиште.

1,817

Турската поп-пејачка Ѓулшен е уапсена поради „поттикнување омраза и непријателство“, а поради шега за турските верски училишта, јавуваат денеска турските медиуми.

Четириесет и шестгодишната Ѓулшен, чие полно име е Ѓулшен Чолакоглу, прво од својата куќа е приведена на испитување во Истанбул, а потоа и официјално уапсена и во затвор ќе остане до судењето.






Ѓулшен на концертот во Истанбул во април рекла дека „перверзиите“ на еден од нејзините музичари се последица на тоа што тој посетувал верско училиште.

Апсењето на пејачката предизвика дебати на социјалните мрежи.

Во текот на испрашувањето, Ѓулшен ги отфрлила обвинувањата дека ширела омраза и непријателско, велејќи пред судските власти дека „бескрајно ги почитува вредностите и чувствителноста“ на својата земја. Таа се извинила поради навредата, но рекла дека за нејзиниот коментар се фатиле оние кои сакаат да ја продлабочат поларизацијата во земјата.

Нејзиното барање да биде пуштена од притвор до судењето е одбиено.

Портпаролот на владејачката партија Омер Челик изјавил дека „предизвикувањето омраза не е уметничка форма“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и многу членови на неговата партија посетувале верски училишта, чиј број е зголемен откако тој дојде на власт.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини