ЗА ДАРЈА ДУГИНА, ОГАН! Русите пишуваат посвети на гранатите пред да ги испукаат (ВИДЕО)

Нацистите ќе мора долго да го слушаат името на Дарја додека пораките од нашите момци летаат кон нив. Ќе бидете казнети за ова злосторство, драги соседи, вели војникот.

839

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како руските војници пукаат гранати кон украински цели со зборовите „За Дарја Дугин“, ќерката на сојузникот на Путин, филозофот Александар Дугин, кој неодамна беше убиена во експлозија на бомба во семејниот џип, пренесува Нова.

На снимката се гледаат руските сили од баталјонот „Спарта“ во источна Украина како со фломастер испишуваат „За Дарја Дугин“, „РИП Дарија Дугин“ и „РИП девојка, ќе те одмаздиме“.

 






Потоа се гледаат војници како пукаат со „потпишаната“ муниција кон украинските сили.

– За Дарја Дугина – оган! – се слуша како вели еден од руските војници непосредно пред лансирањето на ракетата, пишува Дејли мејл .

Друг војник додава дека на тоа ја предупредиле другата страна.

– Нацистите ќе мора долго да го слушаат името на Дарја додека пораките од нашите момци летаат кон нив. Ќе бидете казнети за ова злосторство, драги соседи – вели тој.

Руските служби ФСБ објавија дека убиецот на Дарја е Украинката Наталија Вовк, поранешен член на баталјонот „Азов“ и дадоа снимки од Наталија која ја следела Дарја. Ова наиде на остри реакции од Киев од каде велат дека самата служба ФСБ стои зад убиството кое може да е нарачано од Путин поради внатрешни пресметки со националистите во Русија чиј идол беше токму таткото на Дарја, Александар Дугин.

Подоцна излегоа информациите дека Наталија Вовк ја следела Дарја, но не ја ставила бомбата под колата, туку дека тоа е некој друг од кој таа имала помош. Беше наведено и дека брзината со која таа ги менувала таблиците на својот Мини Купер влегувајќи и излегувајќи од Русија зборува за помош од трети лица или служби.

Поврзани содржини