„НЕ“ ЗА ДЕВИЦИ Танчарка тврди дека Џенифер Лопез ја исфрлила од аудиција поради хороскоп
Хедер Морис која со години работела како професионална танчарка, се пријавила на аудиција кај Лопез, но таа за неа завршила побрзо од очекуваното.
Американската танчарка и актерка Хедер Морис го раскажа своето непријатно искуство со латино дивата Џенифер Лопез, кога била исфрлена од аудиција поради нејзиниот хороскопски знак.
Хедер Морис која со години работела како професионална танчарка, се пријавила на аудиција кај Лопез, но таа за неа завршила побрзо од очекуваното.
View this post on Instagram
Во поткастот „Just Sayin’ with Justin Martindale“, Хедер раскажала дека Џеј Ло се појавила вториот ден во просторијата со зборовите: „Ви благодарам многу, сите напорно работевте. Ако има Девици во оваа просторија, може ли да подигнете рака?“.
Тогаш, како што вели Морис, Лопез нешто ѝ шепнала на својата асистентка, а потоа им се заблагодарила на танчарите кои се родени во овој хороскопски знак, откривајќи дека тие морале да ја напуштат просторијата.
Во текот на поткастот, актерката од серијата „Glee“ открила и колку всушност била напорна аудицијата, што го зголемил апсурдот на селекцијата со која Лопез се користела за да ги избере танчарите.
„Не добивате плата, таму сте од 10 часот наутро па се до 18 часот, а луѓето постојано ве осудуваат“, рекла Хедер.
View this post on Instagram
Нејасно е зошто славната пејачка очигледно не е љубител на лицата родени во знакот на Девица, но интересен е фактот дека во овој хороскопски знак е роден Марк Ентони, нејзиниот поранешен сопруг со кој ги има близнаците Ема и Макс.
ФОТО: Инстаграм