ГИ МАМЕЛА ДЕКА ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ ДА КУПАТ СТАН Скопјанка им зела 9700 евра и „исчезнала“

Скопјанката ветувала дека за одредена сума може да помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нејзините жртви.

144

Приведена е измамничка од Скопје, која ветувала купување на државни социјални станови, но ја снемувало откако ќе зела парите, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што соопшти полицијата, вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода Б.Д. (39) од Скопје. Таа се сомничи дека од јануари до август 2022 измамила две лица од Гостивар и едно од Кумановско за вкупна сума од 9.700 евра. Според пријавеното, таа им ветила дека за одредена сума може да им помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нив.






Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини