ДА СУМ НА МЕСТОТО НА ПЕНДАРОВСКИ БИ СВИКАЛ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Калајџиев смета дека организираниот криминал има сериозни линкови со политичката елита

Јас да сум на место на Претседателот ценејќи ја оваа криза како многу проблематична за државата воопшто би свикал дури и Совет за безбедност, по мое, оваа криза е длабока криза на проблем на власта, очигледно дека има некој судир внатре, што доведе до ваков судир меѓу Обвинителството и Финансиската полиција, вели Калајџиев.

3,464

Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на Радио Слободна Европа (РСЕ). Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, вели тој.

Очигледно дека организираниот криминал има сериозни линкови со политичката елита и оттаму се можни вакви невообичаени комбинации и дури инволвирање на високи функционери од правосудството, во конкретниот случај наспроти Вилма Русковска, практично директорот на Финансиска полиција, една битна фигура во она што се вика „лојал формсент“. Повеќе загрижувачки во моментот мислам дека е тоа како државата реагира на имплементација на законите и борбата со криминалот и корупцијата. Во моментот е загрижувачки тргањето на добар дел, практично половина од Обвинителството за организиран криминал, што е практично распад на системот, суспендирање и оставка во Финансиската полиција, и малку е чудно што имаме молк од надлежните институции, Владата, Министерство за правда, дури и Претседателот. Јас да сум на место на претседателот ценејќи ја оваа криза како многу проблематична за државата воопшто би свикал дури и Совет за безбедност, по мое, оваа криза е длабока криза на проблем на власта, очигледно дека има некој судир внатре, што доведе до ваков судир меѓу Обвинителството и Финансиската полиција и после се претвори во внатрешен судир меѓу републичкиот обвинител и обвинителката за организиран криминал, што е невообичаено – вели Калајџиев.






На прашањето кој има интерес од ваквата ситуација во која и обвинителката е тргната и в.д. директорот на Финансиската полиција, професорот вели:

– Тие што веројатно имаат моќ да влијаат и врз едните и врз другите, во конкретниов случај личи како обвинителите да покажале некој отпор, продолжиле со некои истраги за кои им било кажано да не ги водат или да ги сопрат и личи дека во конкретниот случај тие се повеќе жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури.

На прашањето како ја коментира перцепцијата дека функционерите од ДУИ во земјава се недопирливи за истражителите, Калајџиев вели дека не знае точно, но дека очигледно е дека нешто има.

– Знаеме дека во суштина ДУИ се недопирливи и имаме многу малку случаи за корупција во тој дел, иако знаеме дека во добар дел моќта на оваа политичка структура е голема. Има многу озборувања за криминал и корупција, а не гледаме никакви постапки и тоа кај луѓето остава впечаток дека тие се некоја заштитена бела мечка. Колку од сѐ ова е точно, јас не можам да знам, но очигледно е дека нешто има во ова, бидејќи добар дел од големите бизниси се практично во нивни раце – вели професорот Калајџиев во интервју за Радио Слободна Европа.

Поврзани содржини