СЕ „УДАВИ“ ОХРИДСКИОТ МАРАТОН Поради блокирана сметка нема да се одржи традиционалниот спортски настан

Не е јасно зошто оваа одлука се соопштува непосредно пред датумот за одржување на овој голем спортски настан и колку пари недостигаа за тој да се одржи. 

702
Традиционалниот Охридски пливачки маратон поради блокирана сметка нема да се одржи. Ова денеска го соопшти претседателот на националната пливачка федерација Горан Стојановски на приемот во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.
Еден од најголемите спортски настан во Македонија кој стартуваше во далечната 1954 година и беше прекинат во 1966 година, за да биде возобновен во 1992 година,  повторно ќе биде прекинат.





Маратонот без прекин се одржуваше од неговото возобновување пред 30 години и беше настан кој со нетрпение го очекуваше целолкупната македонска јавност, но и вистински амбасадор на младата македонска држава со настап на светската пливачка елита.
Охридскиот пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Натпреварувачите ја препливуваат патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри, од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид.
Не е јасно зошто оваа одлука се соопштува непосредно пред датумот за одржување на овој голем спортски настан и колку пари недостигаа за тој да се одржи.
Поврзани содржини