БАЈДЕН ГО ПОТПИША ПРОТОКОЛОТ ЗА ШВЕДСКА И ЗА ФИНСКА САД ги повикаа другите НАТО-членки да побрзаат
Задоволни сме со брзиот прогрес Финска и Шведска да станат сојузници во НАТО. Постои силна, сојузна и двопартиски поддршка за апликациите за членство на Финска и Шведска, и се надевам на нивно брзо влегување во најсилната одбранбена алијанса во историјата, изјави Блинкен.
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи во НАТО за Република Финска и Кралството Шведска.
По овој повод, државниот секретар Ентони Блинкен ги повика и преостанатите земји-членки на Алијансата да ги ратификуваат протоколите.
– Задоволни сме со брзиот прогрес Финска и Шведска да станат сојузници во НАТО. Постои силна, сојузна и двопартиски поддршка за апликациите за членство на Финска и Шведска, и се надевам на нивно брзо влегување во најсилната одбранбена алијанса во историјата – изјави Блинкен.
Тој додаде дека НАТО останува посветено и на својата политика на отворени врати и на јакнење на билатералната одбрана и соработка во безбедноста.