КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ЗА СКИЈАЊЕ ВИ Е ПОТРЕБЕН СНЕГ? Нордиецот Ставре Јада неуморно тренира
Ставре има големи планови за претстојната сезона, надевајќи се на настап во Светскиот куп.
Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, Ставре Јада, напорно тренира за почетокот на новата сезона. Тој во моментов се наоѓа на подготовки во Бугарија, во спортската планинска база Белкемен, која е далеку од градски средини и е една од најпознатите во Европа заради нејзината висина (1990 метри н.в.).
– Оваа година можам да кажам дека тренинзите се одвиваат далеку подобро, по професионално и доста исцрпувачки за разлика од претходните години, еден ден тука на Белмекен ми изгледа со утринско будење во 7 часот, трчање и вежби во траење од еден час, а потоа следува главен тренинг кој е околу 3-4 часа и попладне 2 часа, сè на се вкупно по 6-7 часа тренинг, формата можам да кажам дека е во нагорна линија, за 15 дена од сега следуваат летни ролер-ски трки на Пелистер Битола, а потоа на домашна патека Крушево, каде очекувам по пауза од една година да се вратам повторно на врвот – вели Јада во изјавата за Плусинфо.
Ставре има големи планови за претстојната сезона, надевајќи се на настап во Светскиот куп.
– Што се однесува до Фис поените моментално имам 71 фис поен. Од летна сезона и летни ролер-ски трки ке се стремам да ги намалам овие фис поени на околу 60 и под 60, за зимата да настапам на Светскиот Куп во елитата во Нордиско трчање. Што се однесува до зимската сезона ќе има многу трки ( Балкански, Европски и Светски куп) со ваков тип на тренинг и со доста труд кој вложувам секој ден се надевам на многу добри резултати оваа сезона – додава тој.