УТРЕ, ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТАР Ќе бидат затворени неколку улици

 Со почеток во 7.30 часот затворен за сообраќај ќе биде дел од улиците 11 Октомври и Димитрија Чуповски, и тоа на потегот од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со улица Васил Главинов, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

500

Поради реализација на предвидените манифестации во Скопје по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на градот Скопје, информира МВР.

Со почеток во 7.30 часот затворен за сообраќај ќе биде дел од улиците 11 Октомври и Димитрија Чуповски, и тоа на потегот од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со улица Васил Главинов, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.






Секторот за внатрешни работи Скопје апелира  граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Поврзани содржини