АКО ПРЕСПАНСКИОТ И ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ БИДАТ УКИНАТИ Македонците ќе исчезнат во Орвеловска дистопија

Во таа година Македонија ќе биде членка на ЕУ, но „речиси е веројатно дека во државата Македонија веќе не живеат Македонци – тие се целосно истребени“.

5,251

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во својата најнова колумна во Нова Македонија зборува за мрачна дистописка иднина налик која би можела да го очекува Македонецот ако не бидат укинати Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој иронично вели дека последниот Македонец во Европа ќе живее во 2084 година, алудирајќи на романот „1984“. Во таа година Македонија ќе биде членка на ЕУ, но „речиси е веројатно дека во државата Македонија веќе не живеат Македонци – тие се целосно истребени“.

„Или двата документа ќе се величаат, ќе се почитуваат и ќе се имплементираат, што дефинитивно ќе доведе до исчезнување на Македонците, или и двата документа ќе се оспоруваат, ќе се негираат и ќе се раскинат. Нема можност за избор помеѓу нив: или двата или ниеден“, пишува Коцарев.






Во текстот тој објаснува дека во таквата фиктивна дистописка Македонија би постоеле четири министерства, за мир, за изобилство, за вистина и за љубов кои всушност би го спроведувале разнебитувањето на Македонците. Истребувањето би траело пеесетина години, но министерствата би работеле и понатаму бидејќи ќе мора целосно да биде разнебитен концептот на македонизмот.

Колумната може да ја прочитате ОВДЕ.

Поврзани содржини