ЈА ПОКАЖА ОГРОМНАТА БУРМА Џенифер Лопез првпат во јавност по венчавката (ФОТО)
Новoпечената г-ѓа Афлек беше фатена како се упатува кон студиото за танцување и никој не можеше да не ја забележи раката на која носеше голема бурма
Џенифер Лопез е фотографирана на улиците на Лос Анџелес, за првпат откако се омажи за Бен Афлек.
Новoпечената г-ѓа Афлек беше фатена како се упатува кон студиото за танцување и никој не можеше да не ја забележи раката на која носеше голема бурма.
View this post on Instagram
Латино дивата блесна во спортско издание, темни хеланки, дуксер и патики во иста боја, додека на лицето носеше очила за сонце.
View this post on Instagram
Да потсетиме, судејќи по венчалниот лист која беше обелоденат во јавноста, Џенифер го зела презимето на својот сопруг, а сега официјалното име и е Џенифер Афлек.
Џенифер и Бен пред неколку дена се венчаа во тајност во Вегас. По 20 години, тие повторно ја најдоа љубовта, надевајќи се дека овој пат таа ќе трае вечно.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм