ЧЕСНО РАБОТИМЕ, ИЗНЕСЕНИ СЕ НЕВИСТИНИ Клиниката „Жан Митрев“ реагираше на истражувањето на ИРЛ

Истите (лажни информации) се вознемирувачки и за нашите пациенти, целиот наш тим и нивните блиски кои посветено и чесно работат сите овие години. Ние како институција практикуваме исклучиво медицина базирана на докази. Од самиот почеток, но и во иднина ние бевме и ќе останеме професионални во вршењето на својата деловна активност и ќе продолжиме грижливо и стручно да им помагаме на нашите пациенти за целосно подобрување на нивното здравје, додаваат од Клиниката и потенцираат дека нивните следни чекори ќе бидат во насока на искористување на сите правни можности согласно законите.

834

Клиничката болница „Жан Митрев“ денеска се огласи по сторијата на ИРЛ за нејзиното работење во ковид-пандемијата. Од таму велат дека пласирани се невистини, лаги, фабрикувани информации и говор на омраза против нив.

„Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на Клиничката болница „Жан Митрев“, каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев“, посочуваат од болницата во соопштение до јавноста.






Истражувањето на ИРЛ(Истражувачка репортерска лабораторија) открива загрижувачки податоци за третманот на ковид-пациентите за време на пандемијата. Основното јавно обвинителство веднаш отворило предмет откако ИРЛ објави дека клиниката „Жан Митрев“ вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација без да пријави, а воедно се обработуваат и смртни случаи, кои имале по неколку бактериски инфекции.

Според „Жан Митрев“ податоците во истражувањето на ИРЛ се фабрикувани и неточни.

„Истите (лажни информации) се вознемирувачки и за нашите пациенти, целиот наш тим и нивните блиски кои посветено и чесно работат сите овие години. Ние како институција практикуваме исклучиво медицина базирана на докази. Од самиот почеток, но и во иднина ние бевме и ќе останеме професионални во вршењето на својата деловна активност и ќе продолжиме грижливо и стручно да им помагаме на нашите пациенти за целосно подобрување на нивното здравје“, додаваат од Клиниката и потенцираат дека нивните следни чекори ќе бидат во насока на искористување на сите правни можности согласно законите.

Поврзани содржини