НОВ НАПАД ВО САД Вооружен напаѓач уби три лица
Напаѓачот вооружен со пушка влегол во трговскиот центар Гринвуд Парк и почнал да пука по луѓето во ресторанот, појасни шефот на полицијата на Гринвуд, Џим Ајсон.
Вооружен напаѓач уби три лица во ресторан во трговски центар во предградие на Индијанаполис во американската држава Индијана. Напаѓачот е убиен од вооружен случаен минувач, соопшти полицијата.
Напаѓачот вооружен со пушка влегол во трговскиот центар Гринвуд Парк и почнал да пука по луѓето во ресторанот, појасни шефот на полицијата на Гринвуд, Џим Ајсон.
Според Ајсон, две лица се повредени. Пребаран е целиот трговски центар, но, се верува дека нападот бил ограничен на делот за ресторани.