„ЈАЗИКОТ Е ИДЕНТИТЕТ“, „БУГАРИЈА, ЗАСРАМИ СЕ“ Наместо аплауз, опозицијата преку транспаренти упати пораки кон Фон дер Лајен (ФОТО)
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија ги пренесоа пораките на народот со кого заедно протестираа масовно изминативе 10 дена, низ улиците на главниот град.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија говорот во Собранието на Република Македонија на претседателката на европската комисија Урсала фор дер Лајен, па наместо аплауз, тие со транспаренти во рацете и испратија пораки испишани на англиски јазик.

„Ултиматум не благодарам“, „Да за ЕУ, не за асимилација“, „Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот“, „Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна“, „Ние сме Македонци не бугари“, „Бугарија, засрами се“, „Нема иднина без историја“, „Македонија не е на продажба“, „СДСМ предавници на народот“.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија ги пренесоа пораките на народот со кого заедно протестираа масовно изминативе 10 дена, низ улиците на главниот град.
Во еден момент пратеникот од Левица, Димитир Апасиев со свирежи го прекина говорот и остави транспарент со наслов„Македонија вели НЕ“.
МТВ ги сврти камерите и го цензурираше потегот на пратеникот на Левица! Фон Дер Лајен го спушти транспарентот од микрофоните и продолжи со говорот.