ЦЕЛО ВОЛКОВО ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА Дефектот e голем, екипите на ЕВН се излезени на терен

Се работи за голем дефект на далековод. Нашите дежурни екипи се веќе излезени на терен и работат на решавање на проблемот. Засега не се знае колку време ќе одземе поправката, односно кога повторно граѓаните ќе можат да користат струја - велат од ЕВН. 

1,394

Голем дефект на далековод во скопската општина Ѓорче Петров ги остави предмалку жителите на Волково, Ново Село и Стопански Двор без електрична енергија.

Ова од ЕВН го потврдија за Плусинфо и велат дека сите дежурни екипи се упатени кон далеководот.






– Се работи за голем дефект на далековод. Нашите дежурни екипи се веќе излезени на терен и работат на решавање на проблемот. Засега не се знае колку време ќе одземе поправката, односно кога повторно граѓаните ќе можат да користат струја – велат од ЕВН.

Поврзани содржини