ИМАМ ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ НОСИ ОДЛУКА Мицкоски ја повика цела Македонија да каже „не“ за францускиот предлог

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.

4,287

Од наши извори дознаваме дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог, рече денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите.

Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.






– Според нашите информации, утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата – рече Мицкоски.

Тој ги повтори неговите барања до премиерот Димитар Ковачевски дека ќе се откаже од предвремени избори доколку Ковачевски не го прифати модифицираниот француски предлог.

ЌЕ ГО ПОТПИШЕМЕ ЛИ ПРОТОКОЛОТ НА НЕВИДЕНО? Владата подготвува „блиц-криг“ сценарио

 

Поврзани содржини