МИЦКОСКИ УТРЕ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО КОВАЧЕВСКИ Тема е францускиот предлог
Средбата е на барање на премиерот.
Средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се одржи утре во 15 часот во Клубот на пратеници, дознава Канал 5.
До средбата доаѓа откако вечерва се одржа голем сенароден собир, на кој околу 50.000 граѓани кажаа „не“ за францускиот предлог, а откако претходно Ковачевски потврди дека во предлогот не се загрозени македонскиот јазик и идентитет.
Тема на средбата ќе биде францускиот предлог на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
Според Радио Лидер, средбата е на барање на премиерот.
Претходно, во 12 часот, ќе се одржи седница на Советот за безбедност.