„ЦЕЛО ВРЕМЕ СТЕ НА ХОТ-ЛАЈН! СРАМ ДА ВИ Е! Заменичката на Адеми во кавга со две други пратенички

Престанете неделовнички да работите. Немојте неделновнички да работите. Ова е срам за сите вас, викаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

1,834

Потпретседателката Арта Биљали-Зендели дивее со Комисијата за европски прашања. Ова е ставот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, а кој доаѓа откако Биљали-Зендели дозволи гласање на амандман, додека во салата се бараа процедурални обраќања и измени на дневниот ред, објави А1.он.мк.

Жестока реакција на седницата имаше и пратеничката Гордана Силјановска-Давкова.






– Престанете неделовнички да работите. Немојте неделновнички да работите. Ова е срам за сите вас – викаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи Биљали-Зендели постојано комунцира на телефон, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека таа добива инструкции од страна.

„Цело време сте на хот лајн! Срам да ви е! Засрамете од вокацијата која ја имате! Вие немате ништо заедничко со правото – кажа пратеничката Горадана Силјановска-Давкова.

Караница имаше и меѓу Биљали-Зендели и Благица Ласоска.

– Зошто ти е вклучен микрофонот? – праша пратеничката Ласоска бидејќи додека зборуваше нејзината колешка Стојаноска, микрофонот на потпретседателката беше вклучен.

Арта Биљали-Зендели и читаше што е нејзина надлежност како и надлежност на Комисијата за европски прашања.

По едно процедурално и гласање без пребројување, повторно е одложена седницата на Комисијата.

Поврзани содржини