ЕУ СЕРИОЗНО ГИ СФАЌА ГРИЖИТЕ НА БУГАРИЈА Вархеји препорачува одговорни одлуки

Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни, наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

694

Сега е моментот за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија, објави денеска на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни – наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.






На средбата на лидерите на ЕУ и на шефовите на држави или влади на државите од Западен Балкан, ќе учествува и премерот Димитар Ковачевски.

Поврзани содржини