ПРЕДЛОГОТ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕТО Тој е доставен до бугарската Комисијата за надворешна политика

Француската амбасадорка во Бугарија Флоренс Рубин, потсетува БНР, вчера се сретна со пратениците членови на групата за пријателство со Франција во Народното собрание и на таа средба се разговарало за документот. Исто така, се дискутирало и за тоа дали владата го има потребното мнозинство за да го прифати.

314

Францускиот предлог за кревање на ветото за почеток на преговорите на Република Северна Македонија е испратен до Комисијата за надворешна политика во Националното собрание на Бугарија.

Информацијата за БНР ја потврдиле два независни извори од бугарскиот парламент.






Француската амбасадорка во Бугарија Флоренс Рубин, потсетува БНР, вчера се сретна со пратениците членови на групата за пријателство со Франција во Народното собрание и на таа средба се разговарало за документот. Исто така, се дискутирало и за тоа дали владата го има потребното мнозинство за да го прифати.

Потоа еден од копретседателите на Демократска Бугарија, Христо Иванов, имаше изјава дека францускиот предлог ќе биде успех за Бугарија доколку Скопје се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ да стане гарант за нивното спроведување.

Испраќањето на предлогот во парламентот следува откако во среда бугарската влада одлучи сите предлози поврзани со прашањето со Северна Македонија да бидат одобрени од Националното собрание.

Поврзани содржини